Погба ги одби Арапските милиони и ќе игра во француската Лига 1

Се чини дека паузата за Пол Погба конечно заврши. Поранешниот француски репрезентативец по пауза од две години повторно ќе игра фудбал, и тоа откако веќе постигнал устен договор со Монако.

Погба имаше богата понуда од Саудиска Арабија, но одлучи да ги одбие милионите и да игра врвен фудбал во Европа. Се очекува официјалната промоција на договорот со Монако, кој ќе биде со важност од две години.

Французинот е надвор од фудбалот откако падна на допинг-тест, а потоа Јувентус му го раскина договорот. Последниот настап го забележа во 2023 година, а 90 минути нема одиграно од 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести