Погба ги одби милионите на ПСЖ и ќе се пресели во добро познат тим

Пол Погба по шест години ќе го напушти Манчестер јунајтед. На францускиот играч од средината на теренот налето му истекува договорот со овој тим, а веќе го има одбрано наредниот.

Иако ПСЖ беше најголем фаворит и му нудеше неверојатни финансиски услови, Погба наводно одлучил да се врати во Јувентус, каде што беше дел од тимот во периодот од 2012 до 2016 година.

Французинот токму од Старата дама замина во Манчестер јунајтед за навистина голем трансфер во износ од 120 милиони евра, но се чини дека не ги оправда парите вложени.

За тој период одигра 151 натпревар и постигна 29 погодоци, а тимот успеа само да ја освои Лигата на Европа, што за клуб со вакво реноме е навистина премалку.

- Оглас -

Најнови вести