Погба: „Јас сум мртов…Пол Погба веќе не постои“ (Видео)

Пол Погба изненадува со своите последни зборови, откако беше суспендиран поради допинг скандал. Французинот, кој веќе има 31 година, изјави дека се чувствува како да е „мртов“ и дека повеќе не се гледа како фудбалер, што ги шокираше неговите фанови.

„Јас сум готов, јас сум мртов… Пол Погба веќе не постои”, изјави поранешниот играч на Јувентус и на Манчестер Јунајтед на снимка што кружи на социјалните мрежи.

Во интервјуто, Погба откри дека се чувствува исклучено од фудбалот и дека веќе не се препознава себеси како играч. Неговите зборови предизвикаа големо внимание и гнев кај фановите, бидејќи беше еден од најважните играчи во Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Сепак, не е јасно дали неговата изјава е реакција на допинг скандалот или има и други причини кои стојат зад неа.

- Оглас -

Најнови вести