Погба ќе остане на клупата за резерви за дербито против Тотенхем

Манчестер јунајтед го чека тешко гостување во првиот меч по тримесечната пауза во англиската Премиер лига поради корона-вирусот. Црвените ѓаволи в петок ќе играат во Лондон кај Тотенхем, во меч на две екипи кои уште се надеваат дека може да стигнат до четвртото место на табелата, последно кое води излез во Лигата на шампионите за следната сезона.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, планира со засилен среден ред да добие контрола на најважниот дел од теренот, а интересно е тоа што се најавува дека во стартниот тим нема да има место за најголемата ѕвезда, Пол Погба. Францускиот репрезентативец во декември заработи повреда на глуждот на ногата и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар.

Според најавите, Погба е подгтовен, но сепак Солскјер во средниот ред ќе им даде доверба на Фернандеш, Матиќ и Мектоминеј. Манчестер јунајтед моментно има 45 бодови и е на петтото место со три поени помалку од Челзи, додека Тотенхем има освоено 41 бод и е на осмото место на табелата во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести