Некогашната суперфудбалска ѕвезда Пол Погба ќе се проба како глумец. Според весникот „Ле Паризиен“, Погба добил улога во францускиот филм „Четири нули“. Оваа недела треба да се случи и првиот сет на снимање за филмот, а Погба треба да биде во улога на тренер на млади фудбалери. Филмот треба да биде пуштен на екранот во април следната година.
Погба кој е добитник на наградата Златно момче од 2013 година, пред неколку месеци доби забрана од четири години за работа во фудбалот поради користење на недозволени допинг средства.
Французинот падна на допингот кој го изврши во август 2023 година. Од Јувентус најавија дека на крајот од сезонава ќе му го раскинат договорот на Погба, па тој сега бара нов начин како да остане во фокусот и реши да застане пред филмската камера.