23.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Погба може веќе никогаш повеќе да не го облече дресот на Манчестер јунајтед

Една од најголемите ѕвезди на Манчестер јунајтед, Пол Погба, одигра само неколку минути во дербито против Ливерпул, а потоа беше заменет. Погба се пожали на повреда, а по направените лекарски прегледи, многу веројатно е дека Погба ќе треба да мирува еден месец, кога и ќе заврши сезоната во Англија.

Погба има договор со Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, а потоа може слободно да си замине. Французинот најави дека нема да остане на „Олд Трафорд“, па тоа значи дека можно е Погба веќе никогаш да не го облече дресот на англискиот гигант.

Играчот за врска уште како тинејџер дојде во Манчестер, а потоа одигра седум меча за сениорскиот тим, пред да направи трансфер во Јувентус. По четири години поминати во Јувентус, Погба во 2016 година повторно се врати на „Олд Трафорд“ и за шест сезони одигра 226 натпревари во кои даде 39 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести