Погба не ја прифаќа вината: Ќе се жалам на одлуката, одземено ми е сè што градев во кариерата

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, не ја прифаќа четиригодишната суспензија која му ја изрече Антидопинг агенцијата на Италија откако и вториот примерок од допинг-тестот беше позитивен.

Погба е суспендиран бидејќи беше позитивен на тестостерон по дуелот на Јувентус со Удинезе, кој се играше на 20 август минатата година.

„Известен сум за одлуката и верувам дека таа е погрешна. Тажен сум, шокиран и скршен сум бидејќи сè што градев во кариерата ми е одземено. Сите ќе дознаете кога законските норми ќе бидат исполнети и ќе бидам во можност да зборувам за сè“, напиша Погба на социјалните мрежи.

Погба потврди дека ќе го искористи правото да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.

„Никогаш свесно или намерно не сум земал суплементи кои се косат со антидопинг-правилата. Како професионален спортист никогаш не сум ги подобрувал своите настапи на таков начин. Тоа е непочитување и мамење на моите колеги и навивачи на секој тим за којшто сум играл. Затоа ќе се жалам во Судот за спортска арбитража“, објави Погба.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести