Погба не оди никаде – Јунајтед готви нов договор за Французинот

Колку работи може да се сменат во краток период. Пол Погба во текот на летото чекаше на преселба во редовите на Реал Мадрид. Кралевите не најдоа решение како да го доведат, а ниту Манчестер јунајтед беше расположен да ја продаде својата ѕвезда, иако голем дел од навивачите посакуваа Французинот да го напушти клубот.

По неполн месец откако се затвори трансфер пазарот, англиските медиуми шпекулираат дека Погба сега е блиску до потпис на нов договор, според кој ќе добие и зголемување на платата која сега изнесува 290.000 фунти неделно. Според сегашниот договор, на Погба му останува уште 21 месец, но Црвените ѓаволи планираат да го задржат светскиот првак и по 2022 година.

Откако се врати на „Олд трафорд“ во 2016 година за тогашен светски рекорд од 89 милиони фунти, Погба запиша 140 настапи за Јунајтед во кои постигна 30 гола и 31 асистенција.

- Оглас -

Најнови вести