Погба не сака да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, Реал е на потег

Пол Погба одбил да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед што му истекува во 2021 година и јасно им дал сигнал на челниците на Црвените ѓаволи дека сака да си замине.

Погба не крие дека сака да игра за Реал Мадрид, но прашање е дали трансферот ќе се реализира во овој преоден рок што трае до втори септември.

Играчот за врска на Манчестер јунајтед долго беше во фокусот како еден од главните трансфери летово, а Реал Мадрид долго се обидуваше да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“, но досега не успеа.

Ова е нов сигнал за Кралскиот клуб да притисне до последниот рок за трансфери летово, до втори септември. Во 2016 година Пол потпиша петгодишен договор со Манчестер јунајтед за тогаш рекорден трансфер во светот на фудбалот откако Црвените ѓаволи му платија на Јувентус сума од 105 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси.

 

 

- Оглас -

Најнови вести