Погба откри зошто го направи пеналот против Арсенал

Арсенал по пауза од 14 години, вчера се радуваше на триумф на „Олд Трафорд“, и тоа благодарение на голот на Пјер-Емерик Обамејанг од пенал во второто полувреме. Клучниот момент се случи во 69-тата минута, кога Пол Погба несмасно реагираше и од зад грб го фаулираше Белерин. Французинот призна дека направил грешка и објасни зошто го направил тоа.

„Почувствував дека го допрев иако трчав зад него и одев на топката. Знаев дека сум во шеснаесетникот и дека тоа е погрешно. Требаше да го пуштам и да се обидам да го блокирам центаршутот. Можеби тоа се случи затоа што останав без воздух, бидејќи претходно многу трчав и снемав енергија. Затоа и направив глупост. Тоа се детали, а поради тој детаљ, ние го загубивме мечот. Морам да ја поправам дефанзивната игра во шеснаесетникот“, призна Погба.

Тренерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер, вели дека најреално било средбата да заврши без победник.

„Дербито требаше да заврши 0:0. Пол знаеше дека мораше да остане на нозе и да го испрати Белерин до крај. Им подаривме пенал“, рече Солскјер.

По првите четири кола одиграни на „Олд Трафорд“, Манчестер сезонава има три порази и едно реми, што е најлош скор на клубот во последните речиси 50 години.

 

- Оглас -

Најнови вести