Погба после операцијата: Добро е жив сум, но не сум трезен (Видео)

На Пол Погба никогаш не му е здодевно, дури ни кога лежи во болнички кревет после операција, во случајов на глуждот на ногата. Французинот од Манчестер јунајтед кога се освести од анестезијата, почна да се снима и да се шегува на своја сметка. Се прашуваше дали е „надуван“ од дрога и дека се плаши оти може да се збуни, и наместо сок од јаболка да се напие од неговата урина!

„Се прашував дали сум во Манчестер, во Франција или во Гвинеја? Не знам дали сум трезен или надуван, не делувам баш трезно. Јас не пијам алкохол, а ми велат дека сум како пијан. Не ги чувствувам прстите на ногата, но барем жив сум и тоа се добри вести. Уште ја има насмевката на моето лице. Ми треба бербер за да ми ја среди косата“ – рече Погба чии соиграчи вечерва играат со Манчестер сити во Карабао купот.

https://www.youtube.com/watch?v=Us9wR4Ie53M

- Оглас -

Најнови вести