Словенечкиот прволигаш Табор од Сежана направи изненадувачки трансфер, своите редови ги поднови со Матијас Погба, братот на ѕвездата Пол Погба, кој игра за Манчестер јунајтед.
Матијас во Табор доаѓа од шпанскиот тим Мурсија. Матијас има 30 години, три години е постар од братот Пол, а игра и како централен напаѓач. Разликата меѓу нив е и тоа што Матијас има пасош од родната Гвинеја, додека Пол Погба игра за Франција, во која е роден.
Договорот на Матијас Погба е до крајот на сезонава, во Табор ќе го носи дресот со бројот 26, а целта на тимот е да не испадне и доколку им се укаже прилика, да се пробие до местата кои водат во Европа. Во моментов Табор е прилично безбеден, но и далеку од врвот.