Погба пристигна во Мадрид и потпиша договор, но не е Пол, туку брат му

Бомбастично звучи најавата дека Погба е во Мадрид и дека потпишал договор со Реал. Сепак, навивачите на Кралскиот клуб немаат многу причини за радост бидејќи не се работи за големата фудбалска ѕвезда Пол Погба, туку за неговиот брат Матијас Погба и не се работи за најтрофејниот шпански клуб, туку за екипа која игра во четврта лига.

За разлика од својот познат брат, Матијас нема ни дел од талентот на Пол, па затоа неговиот потпис е со четвртолигашот Манчио Сиудад Реал. Пред да дојде во Мадрид, Матијас Погба играше во трета лига во Франција.

Останува само да видиме дали во блиска иднина може да се случи и славниот Пол Погба да дојде во Мадрид, но како член на Кралевите. Засега францускиот репрезентативец не мрда од Манчестер јунајтед бидејќи англискиот гигант бара многу пари за негов трансфер.

 

- Оглас -

Најнови вести