Погба пропушти 90 отсто од мечевите сезонава, сега пак се повреди

Пол Погба сезонава никако да влезе во натпреварувачки ритам, откако беше објавено дека францускиот репрезентативец повторно е повреден. Играчот на Јувентус го повредил бутниот мускул на тренинг и ќе мора да паузира три до четири недели.

Тоа значи дека освен што Старата дама нема да смета на неговите услуги, Погба нема да биде во составот и на репрезентацијата на Франција на стартот од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Галските петли на стартот ќе играат против Холандија на 24 март на домашен терен, а три дена подоцна ќе гостува кај Ирска.

Погба сезонава одигра само два натпревари за Јувентус. Играчот за врска прво беше повреден, а потоа имаше операција на десното колено.

 

- Оглас -

Најнови вести