Францускиот фудбалер кој одлежа суспензија поради користење допинг, Пол Погба, ќе ја продолжи кариерата во Монако. Најавите се дека ќе потпише двегодишен договор.
За 32-годишниот играч за врска првпат во кариерата ќе игра во француската лига, досега ги носел дресовите само на Манчестер јунајтед и Јувентус.
Погба последен пат се појави на теренот во септември 2023 година. Потоа беше суспендиран поради кршење на антидопинг правилата. Во ноември, Јувентус му го раскина договорот, Пол ја отслужи суспензијата во март и сега е слободен агент.