Некогашниот француски репрезентативец Пол Погба, кој неодамна доби скратување на суспензијата од четири само на 18 месеци, се очекува во скоро време да се врати во светскиот фудбал. По намалувањето на казната, Погба ќе може да биде активен на професионално ниво веќе во март 2025 година.
Сепак, Погба и порано од тоа ќе биде на теренот, и тоа веќе следниот месец во Дубаи, каде што ќе се игра „Кингс купот“. Тоа ќе биде дуел на две екипи составени од некогашни големи фудбалски ѕвезди, а таму ќе биде и Погба.
Присуството на овој меч го прифатија Џон Тери, Роберто Карлос, Давид Вилја, Мајкл Овен, Мауран Фелаини, Едгар Давидс, Пол Сколс, Тео Волкот, Блез Матуиди и Давид Силва.
Предвидено е дуелот да биде на 30 ноември, на стадионот „Ал Мактун“ и е замислен како пресметка на поранешни светски шампиони против поранешни освојувачи на Лигата на шампионите.