Погба во дресот на Јувентус (видео)

Пол Погба, ѕвездата на Манчестер јунајтед, на „Инстаграм“ објави видео како тренира во затворен простор носејќи дрес на неговиот поранешен клуб Јувенутс. Иако ова е прилика за медиумите да ги загреат шпекулациите дека Погба во следниот преоден рок би можело да се врати во редовите на италијанскиот првак, Французинот сепак имаше друга намера.

Имено, Погба изрази поддршка за Блез Матуиди, вториот играч на Јувентус кој се зарази со Коронавирусот по Даниеле Ругани и е негов колега од репрезентацијата на Триколорите.

- Оглас -

Најнови вести