Пол Погба на невкусен начин го најави враќањето на терените по неколкумесечната пауза поради повреда, влезе во проблем кој нема врска со претстојното дерби со Тотенхем. Вчера навечер француската ѕвезда на Манчестер јунајтед имала проблем со полицијата откако ѝ го заплениле луксузниот Ролс ројс вреден околу 280.000 фунти.
Причината за заплената биле регистарските таблички, биле француски, а според законот во Велика Британија, на секое странско возило мора да се сменат табличките во рок од шест месеци, додека доколку е во посед на британски граѓанин, пожелно е да се сменат табличките во првите две недели по влезот на возилото во земјата.
Погба наместо да се подготвува за долгоочекуваниот камбек, тој вчера навечер си создал непотребни проблеми само поради тоа што излегол да се вози околу Манчестер. Французинот сега ќе треба да плати 150 фунти, а има рок од седум дена за да си го поврати скапиот автомобил.
Дербито од 30-тото коло во Премиер лигата е закажано за вечерва во 21:15 часот.