Погба заминува од Манчестер и донесе одлука за тоа каде ќе продолжи

Пол Погба летово ќе го напушти Манчестер јунајтед како слободен агент откако ќе му истече неговиот договор.

Французинот не е задоволен во овој тим, а според информациите, тој посакува да се врати назад во екипата на Јувентус, каде што играше од 2012 до 2016 година.

Погба веќе го известил својот агент Мино Рајола да му обезбеди трансфер во Јуве, иако и Реал Мадрид е заинтересиран за неговите услуги.

Но, играчот од средиот ред има само едно во главата, а тоа е камбек во Торино, каде што на 143 натпревари постигна 28 погодоци.

Како што е добро познато, тој пред пет години дојде во Манчестер во трансфер вреден 120 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести