Погба заврши во притвор!

Голем број медиуми ја пренесоа веста дека Матијас Погба, братот на фудбалската супер ѕвезда Пол Погба, е уапсен и тоа поради уцена на својот брат. Засега не се знае времетраењето на притворот, но ова затворање е резултат на обидот на Матијас заедно со своите пријатели да изнуди 13 милиони евра од својот роден брат.

Првите закани биле во март во Париз, кога се влошиле и односните меѓу двајцата браќа. Подоцна Матијас на „Инстаграм“ објави видео во кое зборуваше колку неговиот брат Пол е многу лош човек. Ова видео беше шокантно затоа што претходно двајцата браќа беа во многу добри односи.

По уцените, веднаш се ангажираше адвокатскиот тим на Пол Погба, па како резултат на тоа, Матијас сега е во притвор. Се шпекулира дека Матијас бил во банда со уште неколку пријатели на Пол од детството, но засега само братот на ѕевздата на Јувентус е зад решетки.

 

- Оглас -

Најнови вести