Погледнете го инцидентот кој може да ја реши титулата во Ф1, што мислите кој е виновен овде? (ВИДЕО)

Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа уште една епска битка, овојпат на трката за големата награда на Саудиска Арабија.

Во еден од многубројните дуели, на Макс му беше наредено да го пропушти Луис бидејќи на неспортски начин стекна предност пред него и Холанѓанецот тоа се обиде да го стори.

Но, очигледно е дека Хамилтон не знаеше за ваквата одлука на ФИА и се заби во задниот дел на возачот на Ред Бул.

Од овој тим, пак, најавија дека разгледуваат за тоа да упатат сугестија за казна на последната трка во Абу Даби за Британецот.

Според нив, Луис е виновен за тоа што Ферстапен ја изгубил силата на болидот и ги оштетил гумите и се надеваат дека ќе обезбедат казна од неколку места на одлучувачката трка.

И двајцата возачи по крајот на трката имаа средба со стјуардите, а во наредните денови ќе се знае конечната одлука.

Макс и Луис влегуваат израмнето со еднаков број бодови во последната трка, која се вози за една недела во Абу Даби.

Погледнете го инцидентот и кажете го вашето мислење.

- Оглас -

Најнови вести