Ракометната репрезентација на Фарски Острови ја направи една од најголемите сензации во историјата на ракометот ремизирајќи 26:26 во дуелот со Норвешка која се смета за еден од фаворитите за титулата.
Посебно импресивно за селекцијата која една десетина од вкупната популација (50.000 жители) ја бодри на ЕП во Германија е тоа што во последните 100 секунди од мечот влезе со негатива од 23:26.
Прво Елијас Елефсен а Скипаготу намали на 24:26, а на 23 секунди пред крајот на мечот Рои Берг Хансен погоди за 25:26 и потоа започна лудилото.
Норвежаните го имаа последниот напад, но Елијас Елефсен а Скипаготу украде топка и на три секунди пред крајот изнуди седмерец. Истиот ракометар го реализира седмерецот и ги фрли во делириум 5000 навивачи на Фарски Острови кои беа на трибините.
https://twitter.com/i/status/1746289053945782399
That’s how you take a point Against one of the best teams in the world pic.twitter.com/nY8YmFkWDq
— valter chrintz (@valterchrintz) January 13, 2024