Двата меча на коишто играа некогашните европски прваци Милан и Манчестер јунајтед му донесоа одлична добивка на еден обложувач кој уплатил во Sport Life во Влае. Исти беа одиграните комбинации на двете средби, а тоа е да победат гостите, а двата тима да постигнат барем по еден гол во првото полувреме.
Манчестер со 4:1 го победи Вулверхемптон на гости, а интересно е дека првото полувреме заврши 1:1, и тоа со погодок на домаќините во 45+2 минута, што само е доказ дека некогаш треба да се има и среќа за да се погоди комбинацијата која носеше коефициент од точно 10.
Многу возбудувања имаше и на дуелот меѓу Торино и Милан. По првото полувреме Торино водеше со 2:1, но Милан во вториот дел направи целосен пресврт и славеше со 3:2 за погоден коефициент осум.
На тикетот кој е добитен, уплатата беше 2.000 денари, а добивката е одлична и изнесува 136.300 денари.

Во уплатно место во Железара, упатен е тикет само со 150 денари, а добивката е 85.832 денари. Тука се погодени комбинациите дека ќе биде гол-гол во првото полувреме на мечевите на коишто играа Милан и Манчестер јунајтед.
На останатите два меча, комбинациите беа дека домашниот тим ќе постигне барем два гола во првото полувреме. Осасуна со 2:0 водеше против Леванте по првите 45 минути, а Ремс имаше дури 3:0 на полувреме против Лавал во втората француска лига.


