Погодете кое јајце всушност е главата на Пепе Рејна? (Видео)

Пепе Рејна е голман кој може да се пофали дека во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија, а еднаш со репрезентацијата се радуваше и на светската титула. Иако во „златните години“ на шпанската репрезентација најчесто беше резервен голман, Рејна беше еден од најпочитуваните затоа што беше задолжен за создавање на позитивна атмосфера во екипата.

Дека уште го држи позитнивниот дух, Рејна покажа на последното видео кое кружи низ социјалните мрежи. Некогашниот миленик на навивачите на Ливерпул, сега е голман во Астон Вила, а покажа дека е во тек со Велигденските празници. Рејна „се маскираше“ како јајце, а потоа откри каде се крие.

https://twitter.com/i/status/1251134736015265793

- Оглас -

Најнови вести