Претпоследното 33-то коло на Спортска прогноза е во тек и е одлична шанса да се обидете да ја погодите Среќната тринаесетка што се наградува со прекрасниот мобилен телефон IPhone XS.
Втората сезона на бесплатната игра што нуди многу забава и е организирана од Спорт Манија и Sport Life е при крај, а наградите сè уште се на дофат.
Ова коло е многу интересно со три натпревари што го носат епитетот дерби. Во Англија ривалите од Северен Лондон, Тотенхем и Арсенал ќе бијат битка за настап во Лигата на Европа.
Тој меч се игра во недела од 17.30 часот и е вклучен во нашата понуда за прогнозирање за 33-тото коло на Спортска прогноза.
Истиот ден, но од 21.45 часот, во Серија А ќе се игра дербито меѓу Наполи и Милан, а мечот е многу значаен особено за гостите. Наполи со победата во италијанскиот куп веќе обезбеди настап во Лигата на Европа, а и Росонерите се блиску до учество во второто по квалитет евронатпреварување.
Претходно во сабота во истиот термин од 21.45 часот шампионот Јувентус ќе има голем испит против италијанскиот хит Аталанта во обидот да направи клучен исчекор за нова титула во Италија. Гостите играат неверојатно добро и со евентуален триумф, сериозно ќе се вклучат во битката за Скудетото.
Не заборавајте на двата резервни пара кои се бодуваат за Генералниот пласман. Има уште две кола до крајот и секој поен е значаен, особено за позиција во Топ-5 што носи одлични подароци од Sport Life.