Погоди дека нејзиниот омилен клуб ќе загуби со 0:5, па си доби дрес на подарок (Видео)

Саутемптон за секој натпревар организира наградна игра за своите навивачи, кои може да типуваат на точниот резултат, а оној кој ќе погоди и ќе има најмногу среќа да биде извлечен, добива подарок – дрес. После поразот од 0-5 на домашен терен од Брентфорд се чинеше дека нема да има вакво доделување, но Клара Шектер успеа да го погоди дебаклот и среќна го доби дресот од напаѓачот на клубот, Адам Армстронг.

Додека Шектер се радуваше на подарокот, од останатите присутни можеа да се слушнат свирежи.

- Оглас -

Најнови вести