Мароканскиот интернационалец Тарик Тисудали даде гол за победа на неговиот Гент на гостувањето кај Бриж, во дербито од португалското првенство. По постигнувањето на погодокот, Тисудали го соблече дресот, а под него на жолта маица беше испишано името Рајан со срце под него.
Рајан е 5-годишното дете коешто почина во трагедијата што се случи во мароканскиот град Чефчаун. Детенцето падна во бунар длабок 32 метри во близина на неговата куќа. Дури пет дена траеше спасувањето на детенцето, а откако успеаја да го извлечат, детето набрзо почина.
„Овој гол го посветувам на мојот мал сонародник којшто почина“, рече Тисудали по мечот.