ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
-
Право на учество имаат физички лица постари од 18 години.
-
Одговори се дозволени до официјалниот почеток на натпреварот.
-
Учесникот го внесува својот одговор за конечниот резултат со наведување на бројот на голови за секој од двата тима во предвидените полиња.
-
За валидно учество, задолжително е внесување на име и презиме и валидна е-пошта.
-
Секој учесник има право на едно (1) учество, односно една е-пошта може да се користи само еднаш. Исто така не е дозволено да се испратат повеќе од еден одговор од иста IP адреса.
-
Во случај на повеќекратно типување со иста е-пошта, или од иста IP адреса, сите одговори поврзани со таа адреса ќе бидат дисквалификувани.
-
-
Учесниците кои во полето за име и презиме ќе користат навредлива, несоодветна или непримерна содржина ќе бидат автоматски исклучени и нивните одговори дисквалификувани.
-
Ваучер во вредност од 200 денари ќе добијат првите 20 учесници кои:
-
навремено ќе учествуваат и
-
точно ќе го погодат конечниот резултат.
-
-
Ваучерите ќе бидат доставени по електронска пошта, на адресата наведена при учеството, најдоцна во рок од 48 часа по завршувањето на натпреварот.
-
Доколку ваучерот не е примен во inbox, учесниците се должни да ја проверат и spam / junk папката.
ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
-
Личните податоци доставени од страна на учесниците ќе се користат исклучиво за потребите со цел реализација на промоцијата и контактирање од страна на СПОРТ МАНИЈА. Истите ќе бидат избришани 60 дена по завршување на натпреварот.
-
Податоците нема да бидат користени за други цели, ниту ќе бидат отстапени на трети лица, освен ако тоа не е предвидено со закон.

