Погодил коефициент од 11.110, но среќата не ја искористил до крај

Неверојатна среќа имал еден типстер кој играл во Sport Life обложивалница во Струга. На тикет уплатен во вторникот наредил 11 парови, но немал голема храброст, па решил да игра систем 9/11. Интересно е што ова ливче е уплатено два пати на ист начин, односно системско. Со 55 денари, вкупната добивка е 134.313 денари, што значи дека за 110 денари добивката на двете ливчиња е удвоена на 268.626 денари.

Вкупната добивка можела да биде многу поголема ако ливчињата биле уплатени без систем, односно да се барале 11 погодоци од 11 меча. Вкупниот збир на погодениот коефициент е неверојатен, 11.110. Тоа значи дека со 55 упалтени денари, добивката на обично несистемско ливче би била дури 610.500 денари, односно 10.000 евра. Ако се знае дека ова ливче има две уплати од 55 денари, тогаш за вкупно 110 денари, добивката ќе била околу 20.000 евра. Сепак, немањето доволно храброст да се одигра „чисто“ ливче, овојпат оди на штета на играчот, односно не успеал целосно да си ја искористи среќата. Сепак и вака погодените две идентични тикети носат околу 4.500 евра добивка.

МЕЧЕВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ОДИГРААТ САМО ВО SPORT LIFE

На добитните тикети преовладуваат мечеви од англискиот фудбал, но има и по некој меч од Шпанија, Португалија, како и пријателски средби. Овие пријателски средби кои се погодени, во Македонија ги има само на понудите на Sport Life и во ниедна друга обложувалница, што само потврдува дека има најголем избор за играње. Тоа се хокеј-дуелите: Бјоркловен – Алмтуна, каде што е погодена победа на домаќините (2:1), ремито по прва третина меѓу Дјургарден и Фарјестадс (1:1) и типот дека Малме нема да загуби од Лулеа (1:1).

Најголем погоден коефициент му е на дуелот Форест Грин – Мансфилд. Одиграно е 2-1Х, односно дека гостите ќе водат на полувреме, а на крајот ќе биде или нерешено или триумф на домаќините. На полувремето Мансфилд имаше водство од 1-0, а на крајот средбата заврши 1-1 за погоден коефициент 10.

Овие две идентично одиграни тикети всушност покажуваат дека понекогаш треба да се има малку повеќе храброст и верба во тоа што уплаќате. Погоден коефициент од 11.110 може да ви донесе многу повеќе пари доколку одиграте „чисто ливче“, а не да уплаќате системски тикет. Во секој случај, одлична е и оваа освоена сума, каде што на двете идентични тикети со уплата од по 55 денари има две идентични добивки од по 134.313 денари.

- Оглас -

Најнови вести