Погодокот на Јамал против Франција е прогласен за најубав гол на ЕП 2024 (Видео)

Голот на шпанскиот фудбалер Ламин Jамал во полуфиналето против Франција е избран за најубав на Европското првенство во Германија, објави УЕФА.

Второто место му припадна на голот на Англичанецот Џуд Белингам, кој погоди со ножички против Словачка, а трет е Швајцарецот Џердан Шаќири со својот погодок против Шкотска. Во топ 5 се и Романецот Николае Станчиу со гол против Украина и Турчинот Арда Ѓулер со голот на дуелот со Грузија.

Место во Топ 10 на ЕВРО 2024 имаше и за Турчинот Мерт Мулдур против Грузија, Шпанецот Фабијан Руиз против Хрватска, Англичанецот Оли Воткинс против Холандија, Италијанецот Матија Ѕакањи против Хрватска и Холанѓанецот Чави Симонс против Англија.

Техничката комисија на УЕФА која ги бираше и идеалниот тим и најубавиот гол е во состав: Фабио Капело, Јоан Лупеску, Мајкл О‘Нил, Дејвид Мојс, Аљоша Асановиќ, Рафаел Бенитес, Аврам Грант, Паки Бонер, Франк де Бур, Оле Гунар Солскјер, Аитор Каранка и Жан Франсоа Домерг.

https://twitter.com/i/status/1812437360426299723

- Оглас -

Најнови вести