Погребан Ники Лауда, говор држеше Арнолд Шварценегр

Илјадници лица, меѓу кои и петкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, актерот Арнолд Шварценегер, австрискиот канцелар Себастијан Курц, првиот човек на ФИА, Жан Тод, се собраа во виенската катедрала „Свети Стефан”, за да му искажат последно збогум на легендата на Формула 1, Ники Лауда, кој почина на 20 мај, на 70-годишна возраст.

Ковчегот со телото беше донесено со полициска придружба, при влезот во катедралата се слуна звукот на камбаните, а илјадници граѓани дојдоа на дождливото време за да го испратат својот херој.

Сопругата на Лауда, Бригит, заедно двајцата синови, врз ковчегот ја стави кацигата кога тој ја носеше додека се тркаше, а таму беше и препознатливата капа на Лауда, која тој ја носеше, за да ги прикрие белезите од катастрофата која му се случи во 1976 година.

- Оглас -

Најнови вести