Погребот на Папата му направи проблем на Интер

Погребот на Папата Франциск е закажан за в сабота во Рим, а донесена е одлука тој ден да не се играат фудбалски натпревари во Италија.

Одложено е и дербито Интер – Рома, а според италијанските медиуми, има само две опции, или да се игра в недела наместо в сабота, или да не се игра викендов туку дури на 21 мај, кој е прв слободен термин за Интер, кој има обврски и во Лигата на шампионите и во Купот на Италија.

Ако се игра в недела, Интер ќе има помалку време за одмор пред средбата со Барселона в среда.

- Оглас -

Најнови вести