Погрешна информација: Екскошаркарот на Партизан е жив

Веста дека Милтон Паласио, екскошаркарот на Партизан го загубил животот откако бил удрен од автомобил во Торонто не е точна. Некогашниот НБА играч е сосема во ред според тврдењата на новинарот на „ЦБТВ“ Ендру Потер, а информацијата ја пренесува директно од клубот Лонг Ајленд нетс, каде што Паласио работи како асистент.

„Инофрмациите не се точни, зборувавме со Милт и ни кажа дека е во ред“, цитира Потер откако стапил во контакт со таборот на екипата од равојната Г лига.

Очигледно, полицискиот извештај не бил точен, па добро е што за брзо време се појави демантот.

- Оглас -

Најнови вести