Походот до „ајфонот“ ќе зависи од дербијата во Мадрид и во Манчестер

Пред нас е нов викенд исполнет со фудбалски возбудувања преку кои може да се дојде до главниот подарок на бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија.

Од вчера е достапно 14-тото коло, во кое две големи градски дербија ќе бидат клучни за походот до преубавиот „ајфон 11“. Тоа се дуелите меѓу Реал и Атлетико во Мадрид, односно дербито на Манчестер меѓу Јунајтед и Сити.

Еден ден по стартот на најновото коло, голем дел од прогнозерите веќе имаат замисла како ќе се одвиваат овие дербија. Иако Кралевите не се во посакувана форма, учесниците на Спортска прогноза веруваат дека тимот на Зидан токму во дуелот против лутиот ривал ќе ја покаже големината и ќе издвои победа. „Кец“ на Реал прогнозираа 43,59% од учесниците кои веќе ги приложија прогнозите, додека само 20% сметаат дека Јорганџиит ќе слават.

Што се однесува за дербито на Манчестер, каде што Граѓаните ќе гостуваат на „Олд Трафорд“, токму на составот на Гвардиола ме се даваат повеќе шанси за позитивен резултат, односно над 50% веќе прогнозираа „двојка“, a само околу 20% од прогнозерите типуваа триумф на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести