Појаки беа биковите од Торино – Во Салерно паѓаше град, но и тоа не ја разбуди Салернитана

Торино ја победи Салернитана со 1:0 на меч на кој во Салерно имаше вистинско време, а во одредена минутажа во последните 15-на минути паѓаше и град.

Ниту силниот дожд, а потоа и кусо и град не ги разбуди домаќините кои се борат за опстанок, а се повеќе тонат на последното место на табелата во Серија А.

Андреа Белоти го одлучи мечот со гол од пенал во 19. минута, а Торино постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд.

Популарните Бикови останаа на 11-то место, сега со 38 бода и далеку од зоната за испаѓање.

Салернитана е последна на табелата со 16 бода и е главен кандидат за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести