Покажа како се „гине“ за репрезентативните бои: Се фрли на гол-линија и спаси гол, па заврши во нокдаун (Видео)

Фудбалската репрезентација на Словачка го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од Европското првенство откако со 1:0 славеше над Белгија во првото коло. На хартија, Словачка беше голем аутсајдер, но дека дуелот се добива со играта на терен се потврди и на овој меч.

Херој на Словачка е Иван Шранц кој го постигна голот во седмата минута, а на крајот се покажа како решавачки и единствен, доволен за триумф на неговата репрезентација.

Белгија постигна два гола, но беа поништени поради офсајд позиции. Фаворизираниот тим постојано напаѓаше, но Словаците одлично се бранеа. Посебно херојски потег направи Ханцко кој буквално од гол-линијата успеа да ја исфрли топката по нападот на противникот во 63 минута.

Ханцко буквално се фрли за да спаси гол, а откако успеа да спречи топката да заврши во мрежата, со главата удри директно во коленото на еден негов соиграч и падна во нокдаун. Иако се повреди, овој дефанзивец на Словачка буквално покажа како се гине за репрезентативниот дрес.

Ситуацијата може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести