19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Покажете натпреварувачки дух и одиграјте Спортска прогноза најдоцна до 15.30 часот

Не остана уште многу време за типување во 30-тото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза, а ако не сте се приклучиле, тоа може да го направите до 15.30 часот, и тоа е терминот до кој може и да се менуваат типовите.

Прогнозерите имаат 11 свои фаворити меѓу 13-те натпревари. Поделеноста е кај Астон Вила – Тотенхем и Селта – Валенсија, кај сите други мечеви, барем 50 отсто од играчите типувале исто и му даваат предност на еден од тимовите.

Најголем е процентот за победа на Унион Берлин над Фрајбург (79,96 отсто), а над 70 отсто веруваат и во победи на Брест над Оксер, на Вилјареал над Атлетик Билбао, и на Монако против Лил.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести