15.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Покер голови ја однесоа Струга на прво место, продолжи очајот на Работнички

Струга Трим Лум го совлада Арсими со 3-0 и со новите три бода, стружани се искачија на првото место на прволигашката табела каде ќе останат најмалку до утре кога Вардар ќе се сретне со Тиквеш и со победа Црвено-црните ќе може да се вратат на врвот.

Прво Радески, па два гола набрзина на капитенот Шабани, и Малески кој стави точка, беа стрелци на головите за најефикасниот тим во ПМФЛ на кого при резултат 0-0 му беше поништен еден гол по интервенција од ВАР собата.

Во Куманово, Башкими го совада Работнички со 2-1. Јахја и Аворнјо донесоа предност од 2-0, резервата, 17-годишниот Хоџа во финишот го ублажи поразот на тимот кој е претпоследен на табелата и не делува добро периодов. Башкими има веќе шест победи во 13 кола.

- Оглас -

Најнови вести