Пари Сен Жермен со 3:0 славеше против Брест и сега се доближи само на еден бод до лидерот во шампионатот Олимпик Лион кој ремизираше 2:2 на гости кај Рен. Светците победија благодарение на головите на Кин во првиот дел и на Икарди и Сарабија во второто полувреме.
Ова беше прва радост за новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино во вториот меч како предводник од клупата. Покетино како играч го има носено дресот на тимот од Париз, а сега по 18 години пауза повторно се враќа „Паркот на принцовите“ да биде негов спортски дом.
Иако мечот се играше без публика, навивачите на ПСЖ направија одлична кореографија за добродојде на Покетино.
„18 години подоцна…Се врати дома. Добродојде капитене“, стоеше на пораката, а во кореографијата го имаше и лицето на новиот тренер.
A Wonderful welcome message from PSG Fans to Mauricio Pochettino. ❤💙
“18 years later … Back to home. Welcome captain!”#LoversPoch #PSGSB29 pic.twitter.com/lqSnRnicji
— Mauricio Pochettino 🇦🇷 (@LoversPoch) January 9, 2021