Покетино е нов тренер на Челзи, официјално ќе биде задутре

Маурисио Покетино дефинитивно ќе биде новиот менаџер на лондонски Челзи, но за официјализација на веста ќе треба да почекаме до вторник.

Денеска Челзи го игра својот последен меч сезонава во Премиер лигата, утре би требало да го објават крајот на соработката со Френк Лампард кој беше привремен тренер, а веројатно задутре ќе објават дека Аргентинецот Покетино е нов шеф на стручниот штаб, или менаџер како што ги нарекуваат во Англија.

Газдата на Челзи, Тод Боли, клубот го презеде на 30-ти мај, па затоа сака на годишницата и да ја објави веста со името на новиот менаџер со кој е договорен тригодишен договор.

За Покетино тоа ќе биде враќање во Лондон, каде од 2014 до 2019 година го водеше Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести