Покетино и Гвардиола ги одредија стартерите за вечерашниот спектакл

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, го стави Килијан Мбапе во почетниот состав за дуелот со Манчестер сити, што треба да значи дека повредата е санирана целосно, па Мбапе со Нејмар и Ди Марија ќе биде триото во офанзивниот дел на Светците за првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Кај Граѓаните, тренерот Хосеп Гвардиола реши да тргне со Бернардо Силва, Марез и Фоден, а на клупа ги остави Агуеро, Стерлинг и Габриел Жесус.

- Оглас -

Најнови вести