Покетино искрен: „Ако продолжиме вака, ќе кажам Хјустон имаме проблем“

Еден од домаќините на следното Светското првенство, селекцијата на САД, ги загуби двата меча од завршницата на Лигата на нациите за Северна и Средна Америка. Американците во полуфиналето загубија од Панама со 1-0, а во мечот за третата позиција беа поразени од Канада со 2-1. САД пред овие натпревари имаше серија од четири победа, па јасно е зошто селекторот Маурисио Покетино не е задоволен.

„Подобро е да загубиме сега бидејќи мислам дека имаме време да ги исправиме грешките. Ако се најдеме во ваква ситуација за една година, сигурен сум дека ќе кажам: ‘Хјустон имаме проблем’. Не бидете песимисти и не се чувствувајте лошо. Сите сме разочарани и навивачите треба да бидат разочарани што не победивме, но нема да дозволам да се чувствуваме како песимисти“, рече Покетино по разочарувачкиот настап на САД.

Селекцијата на САД има директен пласман на Светското првенство, па во јуни на свој терен ќе ги пречека репрезентациите на Турција и Швајцарија во пријателски натпревари.

- Оглас -

Најнови вести