Покетино: Јас не сум менаџер на Тотенхем!

Тотенхем синоќа уште еднаш покажа дека не случајно играше во финалето на Лигата на шампионите откако го победи Реал Мадрид во полуфиналето на Ауди купот во Минхен. По тој триумф, лондонскиот тим вечерва ќе игра во финалето против домаќинот Баерн Минхен, кој немаше милост и со 6:1 го растури Фенербахче.

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, се смета за еден од најзаслужните за успесите на тимот, а тој реши да си го каже проблемот кој го мачи. Стратегот вели дека тој не е менаџер на екипата како што се поголем дел од првите луѓе на клупата на премиерлигашите.

„Јас не сум менаџер, јас сум тренер. Не сум главен. Не одлучувам за тоа кои играчи ќе дојдат во тимот. Јас само ги тренирам тие што ги имам и се обидувам да го извлечам најдоброто од нив. Купувањето и продавањето играчи, продолжувањето на договорите се во рацете на претседателот на клубот Даниел Леви. Можеби од клубот ќе решат да ја сменат мојата улога и да не бидам само тренер на екипата, но засега јас не сум менаџер туку тренер на тимот“, рече Покетино.

Иако го нема главниот збор околу доведувањето играчи, Покетино прави одлична работа во Тотенхем, иако освојувањето трофеи засега е непозната работа за нив.

Во дуел за третото место од Ауди купот, Реал Мадрид ќе игра против Фенербахче. Целата понуда за обложување на овие мечеви може да ја најдете на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести