28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Покетино ќе биде нов селектор на САД

Маурисио Покетино ќе биде нов селектор на машката фудбалска репрезентација на САД, официјализацијата на договорот се очекува некаде во септември.

Се очекува Покетино да ги предводи Американците на пријателскиот натпревар против Канада на 7-ми септември во Канзас сити, дури и ако не биде официјално назначен за селектор. Додека Покетино не го потпише договорот, Мајки Варгас е назначен за привремен селектор.

Доцнењето на Покетино со официјалното потпишување на договорот е што аргентинскиот стручњак чека да добие отштета од Челзи со кого се раздели во мај.

Соединетите Американски Држави се обидуваат да изградат силен тим за Светското првенство во 2026 година, на кое ќе бидат домаќини заедно со Мексико и Канада.

- Оглас -

Најнови вести