Покетино: Мбапе најдобар во светот? Меси има седум Златни топки

Најинтересниот натпревар од денешната понуда го играат Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Тимот од Франција ќе ја брани предноста од 1:0 од првата средба со голот на Килијан Мбапе.

Предводникот на ПСЖ, Маурисио Покетино, пред оваа средба се обрати кон јавноста и на едно интересно прашање за тоа кој е најдобар во светот, даде и интересен одговор.

„Мбапе најдобар во светот? Лионел Меси има седум Златни топки. Но, формата на Мбапе го прави еден од најдобрите во светот и мило ми е што имам такви фудбалери коишто аспирираат кон фудбалските врвови.

„Не сум загрижен за настапот на Килијан, тој ќе биде на теренот и ќе го даде максимумот, како и на секој натпревар за нас“, изјави Покетинино.

Средбата на „Сантијаго Бернабеу“ се игра во добропознатиот термин од 21:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести