19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Покетино му ја даде фаворитската улога на Ливерпул само поради една работа

Точно уште една недела останува до најважниот меч сезонава, финалето во Лигата на шампиони. Англиските ривали Ливерпул и Тотенхем во Мадрид ќе водат битка за континенталниот престол. Ливерпул е клуб кој во својата историја пет пати бил европски првак, а минатата сезона загуби во финалето од Реал Мадрид.

За разлика од гигантот од „Енфилд роуд“, Тотенхем е клуб кој го прави најголемиот успех во клупската историја. Лондончани за прв пат ќе играат во финалето на елитното натпреварување на УЕФА. Тренерот на тзотенхем, Маурисио Покетино е умерен во изјавите, но сепак фаворитската улога ја отстапи на противникот. Покетино објасни дека само поради една причина го прави Ливерпул да е фаворит, а тоа се потрошените пари за нови играчи.

Тотенхем е првиот клуб кој успеал во двата преодни рока да не доведе ниту еден играч, а сега ќе се бори за европската круна.

„Ливерпул е финалист од лани. Сезонава тие се бореа со Манчестер сити за трофејот во Премиер лигата. Фаворити се затоа што инвестираа многу пари. Доведоа квалитетен и скап дефанзивец, а платија и голман за рекордни 75 милиони фунти. Планот на Ливерпул беше да ја освојат Премиер лигата и Лигата на шампиони. Планот на Тотенхем е да ја има најдобрата сезона во клупската историја. Сме играле многу пати едни против други и нема што да биде изненадување“, изјави Покетино.

Финалето во ЛШ се игра на 1 јуни во Мадрид, на стадионот „Ванда Метрополитано“, домот на Атлетико.

 

- Оглас -

Најнови вести