Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, по поразот од „волците“ од 3-1 пред домашна публика, истакна дека им беше тешко на неговите фудбалери да го одржат високото ниво на игра, па токму затоа беа казнети. Тотенхем имаше четири последователни победи во Премиер лигата пред денешната средба со Вулверхемптон, а особено своите квалитети ги истакнаа во победите над Евертон со 6-2, и против Барнли со 5-0.
„Се обидовме да играме побрзо во второто полувреме, но бевме премногу директни со топката. Сметам дека ја плативме цената за вложениот напор во претходните неколку натпревари. Сепак, не сме ние машини. Мора да разбереме дека не смееме да се доведуваме во вакви ситуации“, истакна Покетино по мечот.
Иако се наметнаа како предизвикувачи на Ливерпул и Манчестер сити во трката за титулата во Премиер лигата, „црвените“ го растурија Арсенал со 5-1, па сега Тотенхем заостанува цели девет бода зад лидерот на табелата.