Доколку Арсенал вечерва го победи Манчестер сити, екипата на Тотенхем ќе го задржи второто место во Премиерлигата, но тренерот на Тотенхем, не сака тој меч да го добие лондонскиот клуб. Аргентинецот Маурисио Покетино нема да биде меѓу навивачите на Арсенал во дуелот со Сити, иако на неговиот тим би му одговарала победа на „топчиите“ кои се најлути ривали на Тотенхем од северниот дел на Лондон.
„Дома на телевизија ќе го гледам натпреварот. Нема да навивам за Арсенал, зошто би навивал? Никогаш не навивам за Арсенал. Нема да навивам ниту за едниот, ниту за другиот тим. Едноставно ќе го гледам мечот и ќе бидам задоволен што и да се случи. Каков сака нека биде резултатот, сеедно ми е“ – рече Покетино кој со ова добива симпатии кај фановите на клубот кој го води.