Покетино: Ништо не е готово кога играте против Германци, Баерн е најдобрата екипа на светот

Маурисио Покетино ја спушта топката во таборот на Пари Сен Жермен пред утрешниот реванш-меч со Баерн Минхен и вели дека ќе треба најмалку реприза од неговите играчи од претставата што ја прикажаа во Минхен за да се елиминира европскиот првак.

ПСЖ ќе тргне во реваншот на свој терен со предност од 3:2, а последните 90 минути од големиот двомеч и реприза од ланското финале во ЛШ ќе почнат утре од 21 часот.

„Ништо не е готово против екипа која, според мене, е најдобра на светот. Ги освоија сите можни трофеи лани и сите знаат дека нема да се предадат. Германците се дисциплинирани до максимални граници и ние треба да бидеме на тоа ниво и во реваншот. Да покажеме цврстина, карактер и тимски дух што не красеше на првиот меч.

Баерн игра офанзивно и нема да отстапат од тој стил и утре на реваншот. Се надевам дека ќе прегрмиме успешно еден неверојатно тежок двомеч, што би значел пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите и многу и за клубот и за навивачите“, изјави Покетино.

ПСЖ утре ќе игра веројатно без капитенот Маркињос, кој се повреди на првиот меч, пак ќе биде отсутен Икарди, можно е да не брани Навас, а Верати, Флоренци и Кен се неизвесни, иако се пријавени во поширокиот список за реваншот.

Баерн има уште поголеми проблеми и ќе игра без Левандовски, Гнабри, Суле, Толисо, Коста….

 

 

- Оглас -

Најнови вести