Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, на денешната прес-конференција пред утрешното гостување на тимот кај Монпелје, не можеше да одбегне прашање поврзано со раната елиминација на парискиот „дрим-тим“ од Лигата на шампионите.
Аргентинскиот стручњак не знае дали ќе остане на клупата на ПСЖ и во следната сезона, а би сакал Килијан Мбапе да го продолжи договорот со Светците.
„Ние бевме најблиску да го елиминираме Реал. Бевме поблиску до победа над Реал отколку Челзи и Манчестер сити. Имавме еден лош период поради кој испаднавме“ – рече Покетино, чиј тим за распадна на терен во финалните 20-тина минути откако претходно доминираше против Кралскиот клуб.